2026-03-19T12:42:00Z

Сите новости

КАМ донација за социјално загрозени семејства

Во пресрет на празниците Рамазан Бајрам и Велигден, КАМ реализираше донација на производи во вредност од 40.000 денари за социјално загрозени семејства во општина Ѓорче Петров.

Со оваа донација, се надеваме дека ќе придонесеме празничната трпеза да биде исполнета за сите - затоа што вистинската вредност на празниците е во споделувањето, грижата и вниманието.

КАМ продолжува да вложува во заедницата и да помага таму каде што е најпотребно.