2026-03-16T12:45:00Z

Сите новости

КАМ ги претстави кариерните можности пред студентите на Економски факултет – Скопје

📍 На 11 март, КАМ имаше чест да учествува на настанот „Кариерен ден на Економски факултет – Скопје, УКИМ“, во организација на Центарот за кариера, Економскиот факултет и Факултетското студентско собрание.

Настанот беше одлична можност нашите колеги да ги претстават кариерните можности, програмите за практиканство и корпоративните вредности што ги негуваме во КАМ, пред бројни студенти кои покажаа интерес за својот професионален развој.

Преку директни разговори и средби со студентите, имавме можност да ги споделиме перспективите за работа и раст во компанијата, како и да запознаеме многу мотивирани млади луѓе подготвени за нови професионални предизвици.

Благодарност до Економски факултет – Скопје, и организаторите за поканата и одличната организација на настанот.

Со нетрпение очекуваме повторни средби и нови идни колеги кои ќе се приклучат на нашиот КАМ-ТИМ. 👥📈